Поетиката на Исланд на моменти знае да биде бурна, гневна, непостојано воодушевувачки застрашувачка. Во друг дел од денот, таа е тивка, мирна, монотонична и депресивна. Доколку ја разбирате природата на емоцијата, ќе го обожавате овој мистериозен остров.
За следните фотографии е виновен никој друг, освен Morten Solvstrom, Њујорчанец кој со свој пријател го посетил Исланд. Фотографиите кои тој ги направи во неговата 10 – дневна авантура ќе Ви го одземат здивот и ќе Ве натераат во овие денови да си го спакувате ранецот и да отпатувате на овој мистичен остров.