Илустраторот Ендру Тарусов изработи интересна серија постери со цртаните филмови на Дизни, но од поинаков аспект. Ваквиот мрачен изглед на главните ликови од омилените анимирани филмови е инспириран од работата на режисерот Тим Бартон. Ликовите се прикажани во поинакво светло во готски стил, со препознатливите „големи очи”- детаљ кој Бартон не го изоставува во своите дела. Во ваква атмосфера, и приказните сигурно би биле поинакви, нели?