Единствената земја во која постои минестерство за среќа е Кралството Бутан. Да, драги мои убаво прочитавте. Официјална религија во оваа земја е тантричкиот будизам, со што се верува во потрага по среќата како единствена цел на живеењето. Како резултат на ова, владата на Бутан има фомирано министрество за среќа. Во уставот на оваа земја постои и овој закон, т.е. при секој попис на населението покрај другото ги прашуваат жителите колку се среќни. Во последниот попис кој бил спроведен во 2015 година, 35% од населенито се изјаснило како “екстремно среќно”, 48% се изјасниле за “умерено среќни”, а само 8% се изјасниле дека се “несреќни”. Во Кралството Бутан не постои концептот (Бруто домашен производ), наместо тоа за овие жители приоритет на нивното живеење е нивната среќа. Тие не се оптеретени со модерните технологии. Инаку треба да го споменеме фактот дека овде е забрането да се убиваат животните, а најголемиот број на жители се вегетаријанци. Прекрасно,зарем не?!