Може да се каже дека историјата на модата во ова време повторно се создава, благодарејќи на познатите брендови како Schiaparelli, Dior и Chanel, но и со помладите дизајнери, Elie Saab и Stephane Rolland, кои не одушевија со своите фустани, достојни за доделување на Оскарите. И кој знае, можеби некој од овие фустани познатите глумици ќе ги облечат на ова престижно случување. Прегледот на дизајнерите го почнуваме со Versace.
Versace
Меѓу првите, својата колекција ја претстави модната куќа Versace, за која слободно можеме да кажеме дека е провокативна и многу секси. Нешто поинаку и секако посмело. Сем црната, во колекцијата доминираа црвената, портокаловата и сината, а акцентот беше на истакнувањето на фигурите на манекенките. Džidži Hadid, Rouzi Hantington Vajtli и Irina Šajak, совршено ги носеа моделите, а ни познатата пеачка Rita Ora, не одолеа еден фустан од овој бренд да го облече.
Dior
Dior ја претстави својата нежна, женствена колекција во понеделник, од која многу дами беа воодушевени. Многу тантела, голи рамена и романтични детали го прават новиот реализам на овој познат моден бренд. Доминантни се класичната црна и бела боја, но живот на колекцијата и дадоа огнените бои како црвената.
Giambattista Valli
Giambattista Valli на љубителите на модата им ја претстави романтичната и нежна колекција. Слично како и кај Dior, и кај овие фустани доминираат пастелните бои, тантела, многу тул, цветчиња и други романтични додатоци. Фустаните кои ги носеа манекенките изгледаат како да се од некоја бајка!