Наречена е Slalom House, а проектирана според дизајнот на архитектите од студиото Shokhan Mataibekov Architects.
Зградата се наоѓа во Астана, Казахстан и е сон за секој кој сака да скија. Целиот проект чини околу 70 милиони долари и вклучува вештачка скијачка стаза долга повеќе од 300 метри во форма на буквата U. Предвидено е стазата да се направи од вештачкиот снег Snowflex, кој се смета дека е најблиска алтернатива на природниот снег. Во Slalom House ќе има 421 двособни станови, како и продавници и ресторан.