Често забораваме да се навратиме на божиќната атмосфера во убавата Москва. Божиќ помина, но атмосферата остана со својата магија. Можеби ќе Ве разубедиме да си планирате патување во убавата Русија за време на следните новогодишни празници.
Зимата во Москва знае да биде страшна, но доколку погледнете под длабоката прекривка на сувиот снег, ќе видите нешто што ќе Ви го одземе здивот, ќе ја видите зимската Земја на чудата.
Kristina Makeeva преку својата визуелизација ни ја прикажа Москва токму како што ја доживува, светла, мила и магична. Погледнете ги нејзините фотографии.