Во Los Angeles, Louis Vuitton и UNICEF ги здружија силите за 2016 UNICEF Ball гала вечерта, заедно со неколку sвезди од светот на модата и забавната индустрија.
Познатите како Selene Gomez, Mariah Carey, Mirande Kerr и Nicole Kidman позираа пред фотообјективот на Patrick Demarchelier на спомната гала вечер и така станаа дел од #MakeaPromise кампањата. На портретите, познатите позираа давајќи го таканаречениот “pinky swear” – како симбол на ветување, за децата кои имаат потреба од помош.
Louis Vuitton, француската модна куќа, дизајнираше специјални Lockit привезоци, кои можат да се купат како додатоци на ланче или нараквица и за секоја продадена нараквица, 200 долари ќе бидат донирани во UNICEF.