Том Бејкер е уметник од Британија кој изработува прекрасни цртежи на стакло од прозорци. Мотивите се најчесто зимски пејсажи, а техниката која ја користи е спреј со аеросол. Така, цртежите изгледаат како да се изработени од снег и на прозорецот му даваат магичен изглед. Неодамна, Том беше поканет да изработи вакви цртежи во болницата Ројал Беркшир, каде што тој со задоволство ги украси прозорците во детскиот оддел. Навистина убаво, нели?