Ако ве интересира кои продукти, нутриционистите секогаш ги имаат во својата кујна, на право место сте. Сигурно некои од нив и вие ги имате постојано дома, а останатите веднаш ги запишуваме на лист, кои секогаш треба да ги имаме во нашата кујна.
1. Јајца – Ако ги немате постојано во фрижидерот, сега е вистинско време да ја стекнете таа навика. Протеините се клучни за градење, одржување и закрепнување на телесното ткиво, вклучувајќи ја кожата, внатрешните органи и мускули. Важни се за нашиот имунолошки систем и хормони. Содржат есенцијални амино киселини кои му се потребни на телото
2. Масло од кокос – Добро е за готвење и за вашата кожа.
3. Ферментирана храна – Продуктите како јогурт и кефир, се клучни за одржување на здраво варење на храната, и само четвртина чаша дневно е доволна, а може да има големо влијание за вашето здравје.
4. Квиноја – Ако ги сакате житарките, квинојата нека биде секогаш во вашата кујна. Богата е со протеини и влакна. Користете ја како замена за брашно кога спремате мафини или како база за -без глутенска пица.
5. Див лосос – Најбогат со омега 3 масни киселини и протеини. како и витамин Д и селен.
6 Зеленолистен зеленчук. Спанаќ и кељ, се намирници кои мора да се во секој фрижидер! Кељот е полн со антиоксиданти, витамини А и Ц, влакна калциум. Спанаќот, е полн со лутеин, омега 3 киселини, калиум, калциум , магнезиум, железо и витамините Б, Ц и Е.
7. Лимунот – Барате нешто што ќе ви помогне во борбата против килограмите и задржувањето на водата? Богат со витамин Ц, лимунот го балансира натриумот и калиумот.
8. Свежи краставици- Како и лимунот, краставиците се добри за хидратацијата, имаат сосотојки кои се добри за вашето здравје и вашата кожа. Ензимите кои ги содржат, се борат против оштетените станици на кожата и ви даваат свеж сјај.
9. Мисиркини гради– Ако брзате и ви треба здрав оброк , градите од мисирка се најдобар избор. Полни се чисти протеини и се супер оброк пред секој тренинг.
10. Боровници – Тие се кралството на антиоксиданти и одличен извор на витаминот А. Вашата кожа ќе ги обожува.