Кога еден фотограф ќе се вљуби во „облините“ на еден култен автомобил, тој станува негова муза, негов модел. Модел кој мора да позира, да биде примерен и да се прикаже во најдобро светло.
Alexandre Penfornis направи преубава фотосесија во која го истакнува специфичниот вџашувачки дизајн на Jaguar F – Type Coupé. Покрај дизајнот, овој автомобил може да се пофали со технологијата која е по најнови стандарди.
Автентичноста е ставена на пиедестал, бидејќи целата фотосесија на овој модел е направена во престолнината на стилот – Франција.