Чудесно е што сѐ може да се искаже со едно црно мастилно пенкало. Талентираната графичка дизајнерка и уметница Meni Chatzipanagiotou од Грција создава преубави црно-бели илустрации инспирирани од природата. Илустрациите прикажуваат мешавина од прецизно нарцтани делови на флора и фауна. Самата уметница вели дека природата е она што најмногу ја инспирира во нејзиниот процес на творење и тој порив ја води кон најразлични светови на имагинацијата.