Филипа Рајс е млада илустраторка од Англија. Во нејзината книга со наслов Soppy, таа црта илустрации, налик на стрип, преку кои е прикажано како изгледа секојдневието на еден заљубен пар. Филипа користи само две бои: црна и црвена. Преку овие слатки илустрации, можеме да ѕирнеме во секојдневните навики на паровите кои живеат заедно и сите оние мали работи кои им даваат ритам на заеднички поминатите денови на двојките.