Дозволете ни да Ви прикажеме уште неколку интересни и невообичаени традиции во светот за време на најубавиот празник во годината…
11. НАСЕКАДЕ ВО СВЕТОТ
Бакнежот на полноќ доаѓа од нејасни извори, иако некои тврдат дека оваа традиција потекнува од Фестивалот на Сатурналија, од римското доба. Без разлика на потеклото, ние се трудиме да ја одржиме оваа традиција насекаде низ забавите во светот.
12. ГРЕНЛАНД
Традиционално, во Гренланд, божиќната вечер е наменета за сопругите. Мажот се грижи максимално за неговата најмила и се труди да и угоди колку што може повеќе.
13. ХАИТИ
Децата во Хаити ставаат чевли полни со слама под божиќното дрво, надевајќи се дека Дедо Мраз ќе ги земе чевлите и ќе остави подарок на нивното место.
14. ЈАПОНИЈА
Јапонците пак, на Божиќ гледаа повеќе како Валентин и најпопуларен начин за прославување на вљубените двојки е во KFC. Всушност, толку е популаризирана оваа традиција, што е тешко да се стигне до резервација.
15. МЕКСИКО
На 23 – ти Декември, во градот Oaxaca, семејствата се собираат да издлабат фигури од ликовите на Христовото раѓање од ротквици. Најубавите фигури ги прикажуваат на плоштадот.
16. ФИЛИПИНИТЕ
По полноќната миса, најблиските се собираат да уживаат во гозба наречена „Noche Buena“. Кралот на деликатесите е топчето сирење кое е прелиено со восок.
17. ГРЦИЈА
Во Thessaly, момчињата ќе стават гранка од кедар, а девојките гранка од цреша над огнот. Гранката која најбрзо ќе изгори е знак за среќа и потенцијален брак.
18. ПОЛСКА
За време на божиќната вечера се поставува слама под чаршафот на масата за да го симболизира раѓањето на Исус. Гостите по ред острануваат дел од сламата, зелената слама симболизира брак, а жолтата, уште една година без партнер.
19. КАТАЛОНИЈА
Caga Tio е среќен, но омразен карактер кој Каталонците го прават од трупец дрво. Тие го хранат со слатки се до ноќта пред Божиќ, а кога Божиќ ќе дојде, тие го тепаат Caga Tio со стапчиња за да ги исгрли слатките.
20. САД
Често на божиќните дрва кај Американците можеме да забележиме чудна декорација – краставичка. Традицијата се верува дека потекнува од Граѓанската војна, кога Private John C. Lower, плашејќи се од гладот за Божиќ, го замолил својот грабнувач за краставичка. Тој бил убеден дека актот на милост го спасил неговиот живот и со тоа се родила оваа чудна традиција.