Најголемиот отворен фестивал на уметноста во светот се одржува во јапонскиот град NIIGATA. Фестивалот има за цел да ги собере сите љубители на уметноста да уживаат во неговата програма и истовремено повикувајќи ги да ја посетат најголемата уметничка галерија на отворено во целиот свет. Фестивалот се состои од 367 уметнички инсталации од вкупно 45 земји. Делата кои се нарачани за оваа пригода остануваат во оваа област и на тој начин стануваат составен дел од околниот пејсаж. Направените дела всушност имаат за цел да прикажат дека сите луѓе се дел од природата. “Echigo Tsumari Art” триеналето е спектакуларно успешен пример за ревитализирање и енергезирање на овие области со уметноста. За прв пат овој фестивал се одржал во 2000 година. На овогодишното триенале кураторот на изложбата FRAM KITAGAWA имаше можност да ја презентира книгата (ART PLACE JAPAN), која вклучува вкупно 800 дела кои до сега биле изложувани на претходните фестивали. Намерата е да се комуницира со убавината и богатствотона земјата, која во овој случај слуѓи како еден вид на уметничко платно. Ви претставуваме дел од овогодинешната фестивалска прогарама.Погледнете!!