Познатата модна дизајнерка Каролина Херера е родена во Венецуела. Уште како многу мала нејзината баба за прв пат ја однела во посета на Париз, каде што посетила една од модните ревии на Cristobal Balenciaga. Својата прва модна ревија таа ја одржува во 1981 година со посредсвто на легендарната главна уредничка на магазинот “VOGUE” Diana Vreeland во познатиот “Metropoliten Club” во Њујорк. За многу кратко време таа станува едно од најзначајните имиња во модниот свет. Препознатлива по својот уникатен сти на дизајн, таа е основач на неколку модни атељеа во Њујорк во кои што работат модни експерти кои ги контролираат процесот на изработка на модните парчиња, почнувајќи од прво направените скици па се до финалниот производ. Како вистинска кралица на стилот таа се смета за една од најубаво облечените жени во светот, а била муза на многбројни познати светски фoтoграфи меѓу кои и на Енди Ворхол. Ви ја претставуваме нејзината најнова пролетна модна колекција за 2016.