Одлична новост за љубителите на книгите и вечните патувачи по светот и векот – Токио има убава вест да сподели во поглед на отворањето на новиот Book and Bed Tokyo хотел, кој се најавува за ноември оваа година. Нетипично место кое се состои од полици врз кои се наредени преку илјада наслови на англиски и јапонски јазик, каде меѓу истите полици постојат скришни места – дупки со кревети за одмарање со добра книга.
Оригинално замислен и реазлиран од страна на Makoto Tanijiri et Ai Yoshida, овој библио-простор ќе послужи како интересен концепт на BB функционирање на хотелите ширум светот, дури и од комерцијален аспект. Зошто? Зошто читатели има многу, а читателите обожуваат кога им се вреднуваат навиките.