Есента им е омилено годишно време на многумина. Иако најчесто се одлучуваме да патуваме во текот на летниот период, токму есента е најубаво време за вистински да се доживеат одредени места. Времето е претежно сончево, температурите не се ни многу високи, ни многу ниски, а дури и да заврне, есенскиот дожд си има своја магија и ретко кога може да ни го расипе расположението. Палетата на златножолти бои во природата е толку волшебна и романтична, што сѐ околу нас се наоѓа во убав амбиент, створен за уживање. По тој повод, ние ви предлагаме места низ светот кои вреди да се посетат баш во есенските месеци.
Бриж, Белгија
Даблин, Ирска
Рим, Италија