Соба во хотел со неверојатен поглед, секогаш ќе ја постигне највисоката цена со оправдана причина – будење во спална соба со прекрасен поглед, приморски хоризонт или пак извонредна шумска идила. Погледот од прозор, тешко се мери со било кое друго искуство, кога е во прашање престој во хотел. Од дизајнерски агол, интересно е да се напомене дека самиот дизајн на прозорот влијае на самиот поглед.
Некои рамки на прозор, изгледат како вистински уметнички дела, други, завземаат цел sид заради кој се чувствувате како да сте самите составен дел на надворешниот прозор. Но, некои прозори и нивните рамки го прават призорот далеку поубав одошто е, заради занимливиот дизајн и паметното архитектонско решение. Погледнете неколку соби со спектакуларeн поглед.