Реален фотографски серијал на Kamil Kotarba, со силна порака. На местото од некогаш изгубената физичка интеракција, ни доаѓа виртуелната. Односно онаа преку која можеме да се разбереме само 10%.
Со напредокот на технологијата во последната деценија и секојдневната зависност за паметните телефони, емоционалната интелегенција започна да ни закржлавува. Полесно ни е да се изразиме со малечката тастатура на екраните, отколку тоа да го направиме на стариот добар начин – разговор во четири очи.
Фотографиите во „Hide and seek“се направени на неколку избрани локации, каде телата од луѓето се избришани, а оставени се единствено нивните раце кои држат мобилни телефони. Следи прашањето, „Дали паметните телефони нé прават навистина глупави, или само отсутни од животот?“.