Есента само што не пристигнала. Време е да се подготвиме за претстојната сезона, а тоа значи да внесеме промени во изгледот. Секоја нова сезона се карактеризира со нови бои кои ќе ја одбележат. Новите колекции на лакови за нокти се богати со топли и елегантни есенски нијанси кои лесно ќе се вклопат во секоја пригода. Светлите, летни тонови се заменети со поладни и потемни, шик нијанси. Златна, црвена, сива или бордо. Изборот е ваш.