Во Париз, Ајфеловата кула привлекува повеќе од 7 милиони посетители годишно. Авторот на оваа фотографија, Graham De Lacy, кој бил во Париз за прв пат, ги забележал извитканите редици и стотиците луѓе кои од горе му заличеле на мравки, па решил да го овековечи овој интересен момент. Веднаш знаел дека моментот најдобро ќе се долови во монохроматска црно-бела нијанса. Оригинално, нели?