Christian Carollo е авторот кој стои зад фотографскиот проект Past Present. Имено, овој проект започнал како еден вид навраќање на едно минато време преку фотографиите на дедото на Christian. Набргу, Christian добил идеја да ги спои минатото и сегашноста со тоа што на фотографиите од дедо му ќе додаде фотографија од ова време, и тоа на истата локација како и оригиналната фотографија. Со тоа, тој му оддава почит на својот дедо и на некој начин ги оживува спомените и ја прикажува своевидната еволуција на местата каде настанале овие фотографии.