Германскиот фотограф Bernhard Lang направи летна колекција на фотографии кои ја прикажуваат совршената симетрија и линеарност на плажата Адриа во Италија. Чадорите за сонце се наместени по бои и големина, па кога се фотографираат од горе, изгледаат како прецизна и естетски совршено изработена инсталација.