На денот кога Ана Ремарчук од Киев пронашла стари пликоа на нејзиниот прадедо, не можела да остане рамнодушна на сета нивна убавина и едноставност, па решила да ги фотографира со својот телефон. Оттогаш започнала нејзината серија фотографии наречена #envelope_series, на кои Ана создава нежни композиции од цветови ставени во пликo и ги објавува на нејзиниот профил на Инстаграм. „За време на процесот на создавање на композициите, заборавам на сѐ, бидејќи вљубена сум во она што го правам. Сакам сите што ме следат на Инстаграм да ја разберат пораката на моите цветови без ниеден збор”, вели Ана.