Повторно ПОПОВА ШАПКА
”28-29-30 Август правиме збиранка на Попова Шапка . Овој пат ке биде поголем проект, и ке имаме доста странци.
На 28 се пристигнува и се запознавате со стазата, местете шатори , се сместувате во хотел, подигате стартен пакет итн . Вечер имаме журка.
На 29 стартува МТБ трка за Ранг листа на Македонија – лиценцирани и не лиценцирани ( хоби ) а вечер забавниот дел. На 30-ти ке има 2 трки во планинско трчање и ке се вози рекреативна тура со натпреварувачки карактер околу Попова Шапка – Меѓу станица Церипашина и возење до ЛЕШНИЦА ( до водопадите -на бањање ) и назад до Попова Шапка.
За сместување ,како и за целиот настан ке добивате подетални информации во наредните месеци.
Резервирајте си го датумот ….и се гледаме на Попова Шапка.”