“Љубовен облак” е наречен авионот кој нуди лет над Лас Вегас во времетраење од 40 до 90 минути. Дали можеби би сакале да доживеете една ваква авантура со својот избраник, само вие двајца на удобен кревет полн со перници и вашиот омилен пијалок. Веднаш по полетувањето на авионот патниците може да се опуштат и да уживаат во летот.
Рози, шампањ, чоколади и вашата омилена музика се погодностите во кои може да уживате. Цената на картите за ваква авантура чинат 800$, со можност и да се венчате за време на летот.