3 рецепти за едноставни и вкусни кафиња кои ќе ве освежат во летните денови.
Нема ништо поубаво од ледено кафе во лето, се согласувате? Ние ви подготвиме 3 рецепти за малку поинакво совршено ледено освежување во летните горештини кои можете сами да си ги направите дома.
1. Ледено кафе со кокос
За вакво тропско освежување, потребни ви се кокосова вода, инстант кафе и мраз. На крај, можете да послужите со шлаг и кокосово брашно.
2. Бадемово ледено кафе
За ова лесно и вкусно кафе потребни ви се само три состојки: бадемово млеко, мраз и инстант кафе.
3. Фрапе од 4 состојки
Звучи мистериозно, а е одлично на вкус! Во блендер измешајте мраз, млеко, инстант кафе, смрзната банана и екстракт од ванила. Уживајте!