Тешко би можела да се замисли летната сезона без цветни принтови како на нашата гардероба така и на нашите нокти. Тој бил отсекогаш присутен во модната и козметичката индустрија. Цветниот “Nail Art”, е целосно романтичен, женствен и суптилен декор. Ослободете го уметникот во себе си и обојте ги своите нокти во јаки или пастелни бои, а потоа додадете цветни мотиви на нив. Можете да експериментирате со акрилни бои кои ќе го направат целиот процес многу поедноставен.
Најпрво нанесете ја основата на маникирот со бојата којашто сте ја избрале, а потоа почнете со цртање на цветни мотиви со акрилните бои. За таа цел ви е потребна супер тенка четкичка за ситните детали. На крајот нанесете безбоен лак за нокти како завршница. Постојат бескрајни можности за комбинирање на сите можни бои. Пробајте и ве уверуваме дека ќе имате уникатен маникир!!