Спортскиот бренд Аdidas го слави партнерството со Parley for the Oceans (Parley за океаните), што значи творци, мислители и лидери се обидуваат да ја истакнат убавината на океанот и да ги потенцираат проблемите на животната средина со кои се соочуваат океаните. Овој иновативен концепт се патики, кои целосно се направени од пластичен отпад, кој се наоѓа во океаните. Конците се направени од отпад кој е пронајден од нелегалните мрежи, оставени од експедицијата која работела 110 дена, длабоко во морето во близина на брегот на Западна Африка. Прототипот ни ја покажува насоката на соработката, која ќе биде претставена кон крајот на оваа година, и секако, вклучува неколку различни модели.