
Во моментов MarkO има Бета верзија која се разликува од продукциската верзија во дизајнот, при креирање на потсетниците. Во продукциската верзија корисниците сами ги креираат своите потсетници, додека во новата Бета верзија со помош на вештачка интелигенција, MarkO е оној којшто ги дава најдобрите предлози за локацијата, времето и пријателите на корисниците.
“Oсобено сме задоволни и горди на тоа што MarkO исто така го креиравме и за Android Wear, со сите трендови и според сите правила на Material дизајн. ” изјавија од тимот на MarkO