Dolce & Gabanna ја претставија новата колекција на шминка со наслов “Summer Shine”, инспирирана од модрото небо и прекрасните острови во нивната родна Италија. Акцентот е ставен на сини, бели и зелени нијанси на сенки, лакови за нокти, па дури и на кармини, што е прилично нетипично. Тука е и безвременскиот црвен кармин, како и кармин во боја на праска. Новитет е маската Aurealux Mask за летен, блескав сјај на кожата. Погледнете ја колекцијата во продолжение.