Прекрасното, весело и живописно рибарско гратче Марсахлок, се наоѓа во југоисточниот дел од сончевата Малта. Ова тивко местенце е вистински рај за душевен одмор и релаксација. Питорескното мало гратче е препознатливо по својот најголем неделен рибен пазар, но и по прекрасните мали шарени бротчиња т.н. “луцуси”. Во малите крајбрежни ресторанчиња се подготвува највкусната свежо уловена морска риба. Со својата традиција ова местенце ги плени многубројните посетители и туристи. Преубавите песочни плажи на Марсахлок даваат чувство на интимност, каде може да уживате далеку од градскиот метеж, и да се релаксирате на најубав можен на сонцето пропратено со медитеранскиот ветрец. Познатиот залив “Св.Петар” e најпрепознатливото место за љубителите на нуркање и скокање во вода. Варовните карпи се идеално место за сончање и читање убава книга под сонцето. Најпосетуваното место во гратчето е катедралата Париш, која е посветена на пресвета Богородица. Неколку пати годишно се организираат чествувања во чест на Богородица проследени со величествени огномети. Катедралата датира од 18 век. Скромното но магично местенце е сончевиот бисер на Малта и е познато под името “љубовното крајбрежје” на Малта. Погледнете го Марсахлок!