Cristóbal Pérez García е шпански сликар, роден во Малага, кој работи исклучиво со масло на платно. Во оваа серија негови слики, наречена „Урбани пејсажи”, талентираниот академски сликар сака на реалистичен начин да прикаже секојдневни сцени од големите светски градови, како што се Њујорк, Мадрид, Барселона и др. Во продолжение погледнете некои од неговите дела.