Полскиот уметник Jacek Yerka е роден во 1952 година, дете на родители уметници, така што тој израснал со мирис на боја и опкружен со хартија, мастило, бои и четки. Yerka секогаш бил наколонет кон проучување на астрономијата и медицината, но ја открил убавината на бојата пред својот последен испит и со тоа влегува во мистериозниот свет на боите. Уметникот во најголем дел е инспириран од холандските слики од XV век.
Jacek Yerka сепак на крајот се школува на ликовна академија, исто како и неговата мајка и татко. Yerka добива признание од скоро сите различни Sci-Fi ентузијасти и писатели на фантастични романи.