Доживејте ја сета магија на градот на љубовта преку објективот на легендарната камера Pentax 67.
Талентираниот французин Maison Carnot е автор на видеото наречено Paris Through Pentax– романтичен приказ на еден од најубавите европски градови од еден поинаков агол. Намерата на авторот била да ги долови сите оние мали работи кои се случуваат во овој град, а гледачите да се почувствуваат како сето тоа да се случува пред нив. Па така, ги гледаме жителите на Париз кои шетаат низ прекрасните улички, двајца заљубени на романтична средба во еден парк, девојка која нарачува кафе и кроасани во ресторан итн.
Уживајте во глетката!