Претставувајки ја својата колекција за пролет 2015, Карл Лагерфелд уште еднаш успеа да и направи на публиката прекрасна забава во прекрасната заднина која ја направи. Тоа е колекција во која традиционалниот Шанел се судрува со модерните облици и елементи и секое парче го превора во уметничко дело кое сакаме да ги поседуваме.
Целата писта беше направена да личи како Градина на иднината со ехото и атмосФерата од неговите омилени филмови Metropolis I Blade runner. Едвардијанските ободи од слама со тилот се фокус кој го кријат погледот од очите. Јасно се гледа дека секое делче на главата има за цел да ја одржи рамнотежата и силата. Здолништата се А линија, кои одат до глуждот. Чевлите рамни, таканаречени чорапа чизма. Фустаните ремек дело кое плени со романтика и боја која залудува.