Кафето не само што може да ви го разубави денот, туку може да ви ги разубави лицето и телото. Со помош на кафето можете да направите неколку природни производи за нега на лицето и телото, а ние ви откриваме 5 рецепти.
Кафе за пилинг на лице
Измешајте три лажици ситно мелено кафе со една лажица млеко. Со ваквата смеса масирајте го лицето неколку минути со кружни движења, почекајте да се исуши, а потоа исплакнете го со ладна вода. На крај, нанесете хидратантен крем.
Маска за лице од кафе
Измешајте кафе во прав, какао во прав и млеко. Оваа маска ќе ви ја затегне кожата.
Кафе за здрава коса
Кафето содржи антиоксиданси кои спречуваат опаѓање на косата. Еспресото делува како природен регенератор за коса- ја прави мека и свиленкаста.
Кафе за масажа
Кафе во комбинација со путер е идеално средство за масажа. Овој третман ја негува и хидрира кожата и дополнително спречува појава на брчки.
Кафе за маникир и педикир
Ароматично кафе во прав е одлично за нега на испукани пети. Неколку минути масирајте го ова подрачје со кафе. Со тоа ќе ги отстраните нечистотиите и ќе ја измазните кожата.