Новата меѓусезонска колекција на Stella McCartney e ексцентична, духовита и со истенчен стил на позитивен начин. Дизајнерката за новата колекција за 2015 година, ги врати некои од своите најголеми хитови на минатите сезони, како што се окфорд чевлите на платформа со звездички, плетенини каде што се комбинирани долгите тесни вести со плетени пантолони, долгите долчевита А-крој, капути со принтови, а сето тоа со голема доза на забава. Таа го исфрли вистинското крзно од порано и сега нејзините колекции се изработуваат исклучиво од вештачко а од тоа создава чупави бунди, крзнени конбинезони или капути со крзнени додатоци.
На здолништата со строги линии под колента, скокаат нацртани лепоарди, а можеме да ги сретнеме оделата и вечерните фустани. Тоа е таа забава која Стела ја воведува во модниот свет, а освен леопардите тука се и дрвјата во неонски бои кои специјално за дизајнерката ги илустрираше Will Sweeney.