Креативноста и оригиналните идеи немаат граници кога станува збор за музиката. Талентираниот гитарист од Винипег со псевдоним samuraiguitarist одлучил да се обиде да ја отсвири легендарната класична композиција „За Елиза” од Бетовен, и тоа на 5 гитари истовремено. И не само што успеал во обидот, туку неговото видео има повеќе од 50000 прегледи на YouТube за само 4 дена. Звучи одлично! На светот му се потребни повеќе вакви иновативни момци, се согласувате?