Постојат врати кои никогаш не смеат да се отворат.
Филм за тоа што сè може да направи љубомората и сомнежот и на што сè сме подготвени кога некого силно сакаме.
Скоро и да не постои човек што не сака да гледа филмови, особено оние со несекојдневна тема, одлична глума, оригинално сценарио и неочекуван крај. Еден од тие квалитетно изработени филмови е шпанскиот хит од 2012та- La Cara Oculta (Скриен лик). Филм од неанглиско говорно подрачје кој и тоа како се разликува од стандардните холивудски приказни.
Приказната се одвива околу животот на еден диригент кој дознава дека неговата девојка мистериозно исчезнала, откако се посомневала дека нејзиниот сакан ја изневерува. Диригентот (Adrián), е очаен да ја пронајде. За време на неговата потрага, тој се запознава со една келнерка која на прв поглед изгледа дека сака да му помогне.
Жанр: Драма/ Трилер/ Мистерија
Режисер: Andrès Baiz
Главни улоги: Quim Gutièrrez, Martina García, Clara Lago
Музика: Federico Jusid
Одлична приказна која топло ја препорачуваме на сите љубители на добра драма и мистерија.