Скопскиот џез фестивал има чест да Ве покани на традиционалната годишна забава која ќе се одржи на
22 јануари (четврток)
арт-кафе „Менада” (Стара Чаршија)
со почеток во 22 часот
Настанот ќе биде збогатен со презентација на новиот календар на Скопскиот џез фестивал и со настап на групата Jazzobell Deux.
Дејан Јовановиќ – гитара
Оливер Јосифовски – контрабас
Виктор Филиповски – тапани
Jazzobell Deux е современ џез бенд предводен од пијанистката, вокалистика и композиторка Андреана Јовановиќ-Мицанова и гитаристот и композитор Дејан Јовановиќ. Групата делува во неколку формации под имињата Jazzobell Quintet Deux и Jazzobell Deux. Нивната музика влече влијанија од џез великаните Miles Davis, Keith Jarrett, McCoy Tyner, Ella Fitzgerald и Sarah Vaughan. Првиот настап бендот го остварува во 2011 година во Младинскиот културен центар во Скопје и истиот е снимен на носач на звук, на кој меѓу останатите композиции се наоѓаат и впечатливите изведби на композициите “All Blues” и “Milestones” од Мајлс Дејвис.
Стилот на Jazzobell Deux инкорпорира елементи на џез фјужн, џез фанк и авангарден џез. Од самите почетоци, групата негува иновативен приод кон создавањето на музиката, кој го напушта традиционалниот концепт на „солист – придружба”, а во кој секој член добива простор за континуирана импровизација. Звукот на Jazzobell Deux е базиран на импровизација, како и претходно структуирана музика, ориентирана кон грув, а инспирирана од џез легендите John Scofield, Kenny Garrett, Herbie Hancock, Esperanza Spalding и многу други.