Еден од трендовите за 2015 е носталгично враќање во 70-тите. Хипи мотивите одлично се совпаѓаат со помодерен пристап.
Романтичниот боемски стил за 2015 година е со ултра романтична аура. Линиите на фустаните се “must have”!
Висока мода со луксузен тексас
За љубителите на тексасот, оваа година голем хит е новиот тексас, со разни доработки на самиот материјал. Линиите се движат од женствени до комфорни.
Андрогени одела
Никогаш до сега, машките кроеви не се појавиле со толку прекрасно, софистицирано влијание и баланс на женската силуета.

Асиметрични кроеви
Секси кроевите провејуваат во сите тенденции за 2015 година. Асиметричните линии ја потенцираат заводливоста на силуетата.

Реси
Ресите на фустаните и здолништата се и оваа година еден од главните трендови. Истакнувајќи го богатсвото на материјалите, тие се тука и да им додадат уште една женственост и сексапил на дамите.

Коцки
Ситните коцки во нежни пастелни бои се апсолутен хит за летна ноншаланција во 2015 година.