Вистинската магија настанува кога луѓето во својата работа вдахнуваат живот и го посветуваат не само времето, туку и самите себе си во она што го прават. Архитектурата е толку богата, раскошна и некарактеристична за секое мало ќоше на Земјата.
Ретки се оние кои им даваат живот на нештата. Италијанскиот уметник Giuliano Mauri создаде катедрала која дише. „Cattedrale Vegetale“, или Катедралата од дрва, е вистинскиот доказ за тоа дека човековата архитектура и онаа на природата не треба постојано да војуваат, туку напротив, треба да се надополнуваат една со друга.
Користејќи единствено дрва, тој направи хоризонтални рамки кои ги поврза создавајќи столбови, кои завршуваат раскошно со извиени продолжетоци. Во рамките посади дрва и по неколку години се доби величенствена готска катедрала на природата, раскошна и совршена. Типична готска, а сепак толку различна.
За жал, Mauri почина во 2009 и не го виде своето дело во својот сегашен облик. Но сепак, тоа е така со природата. Ова дело нема никогаш да биде завршено, туку се повеќе и повеќе ќе се менува, прво низ годишните времиња, заедно со времето…