Инстаграм, како мобилна апликација за споделување слики и кратки видеа, зема сè поголем замав во модерното живеење. Достапен е на 25 јазици, а до декември оваа година бројот на корисници достигна дури 300 милиони. Неодамна, креативниот тим на Инстаграм претстави 5 нови филтери: Perpetua, Slumber, Aden, Ludwig и Crema.
Perpetua
Slumber
Aden
Ludwig
Crema
Освен новите суптилни филтери, достапна е и опција за поставување видеа во успорена варијанта, исправување на перспективата на кадрите, како и објавување коментари без ажурирање на апликацијата. Ова се први новости во последниве 2 години, а од тимот се надеваат дека сето ова ќе ги израдува обожавателите на оваа апликација и ќе привлече уште многу нови корисници.