Дали знаеете што е слем-сцена? Денес, (12.12.2014 година) во 17 часот во Електронската лабораторија на Филозофскиот факултет при УКИМ, Отворен куфер и Излез Ве поканува на проекција на избрани видеа со најдобрите слем-изведби на поезија од англиско говорно подрачје. По проекцијата, модератор на дискусијата околу слем-сцената во Македонија и поетските читања воопшто ќе биде м-р Афродита Николова, дел од уредничкиот тим на Ш и слем-шампион на Македонија за 2014та година. Николова ќе ги сподели и искуствата од европскиот слем натпревар на кој ја претставуваше Македонија.
„Нашата идеја е дека за да живее слем-сцената во Македонија, прво мора да има серија разговори за и двата чинители, публиката и поетите вистински да го сфатат слемот како правец – затоа што не може едноставно да се накалеми на сите оние читања на кои сме навикнале“, велат од уредничкиот тим на Ш.
Уште еден показател за креативната страна на животот, се гледаме на SLAMDOWN уште денес!