Снежниот був е највеличенствената птица на зимата; единствена од сите 225 видови на бувови – ова е був кој лови во текот на денот. Дека оваа птица совршено се вклопува со снегот и сето она што го носи зимата сведочи и фотографијата на Rob McKay.
Бувовите се прекрасни ноќни грабливки кои имаат „човечки лик“. Очите и клунот им се поставени исто како и очите и носот кај човекот. Кај некој видови бувови, очите се со иста големина како и човечките, зениците се големи и на тој начин ја собираат максималната количина светлина.