Пред дури и да помислите дека станува збор за Фотошоп мора да напоменеме дека станува збор за акробати од Филаделфија кои работат во циркус.
Ричард и Ешли прв пат се сретнале во 2007 година во училиште за танц. Нивната првична цел била да станат балетски уметници, но подоцна започнале да работат во циркус. Освен колеги, тие се пријатели и свршеници. Како што вели Ешли при изведување на разни акробатски точки најважна е довербата, а тоа е она што ги поврзува.
Тие патуваат низ светот и создаваат неверојатни фотографии на кои Ешли буквално се наоѓа на главата на Ричард, истовремено забавувајќи ги случајните минувачи.