Младиот и талентиран Британец Sam Smith кој го освои музичкиот свет, а е номиниран и за 5 Греми награди, неодамна ја преработи легендарната нумера “Have Yourself A Merry Little Christmas”. Она по кое овој музичар се разликува од другите е неговиот моќен вокал кој доаѓа до израз и во новата верзија на оваа позната божиќна песна. Верзијата е минималистичка- вокал во придружба на клавир и создава вистинска божиќна атмосфера. Совршена за седење пред камин и релаксирање по напорниот работен ден со шолја чај или варено вино.
Уживајте!