Не постојат невозможни идеи во уметноста. Доказ за тоа е Justine Khamara и нејзините дела. Таа создава портретни фотографии кои се отсликани со UV принт на иверка која подоцна се сече со ласер и од тоа создава своевидни скулптури. Иако фотографиите дигитално не се променети, фотографиите се искривени само преку оптички ефекти добиени со виткање на пресечените ленти. Погледнете за што станува збор.