Неколку мајки им дозволија на своите ќеркички да ги нашминкаат и да ги разубават, на детски начин. Експериментот наречен #DaughterDoesMyMakeup е дело на канадската фотографка Elly Heise. Девојчињата се на возраст од 3-5 години и секое од нив има кармин, сенка или руменило во рака, спремно да ја нашминка својата мајка. Интересно е да се види колку детската перцепција за убавината се разликува од онаа на возрасните и колку малите деца знаат да бидат креативни и оригинални.